
Комарците не има даваат мир на Тетовци
Тетовци немаат мир од комарците. Речиси секој жител, како овој случаен минувач кој живее во центарот на градот, е нимилосрдно искасан од овие штетни инсекти, кои во голем број се појавуваа во вечерните часови. Граѓаните велат дека не паметат толку голема наезда на комарци, како годинава. Дел од нив избегнуваат да излезат од дома, ниту пак отвораат прозорци.
Од Општина Тетово велат дека против комарци прскале и во јуни и во јули.
„На седми јули годинава беше извршена првата дезинсекција на територијата на Општина Тетово за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници а втората фаза од овој процес се изврши веднаш по триесет дена од првата.Зависно од потребите но и во договор со Институтот за јавно здравје ќе се изврши и третата дезинсекција“, информираа од општината.
Од Центарот за јавно здравје Тетово, истакнаа дека нестабилното време како резултат на климатските промени каде имаме чести обилни врнежи од дожд и сончеви периоди се главната причина за зголемената појава на штетни инсекти.
Велат дека сите општини согласно акциониот план треба уште во месец март или април да извршат ларвицидно прскање, а потоа уништувањето на комарецот да продолжи и во текот на летниот период. Само на овој начин можеме да го заштитиме населените од наездата на овие штетни инсекти.
Тетово но и ретко која општина од полошко извршила ларвицидно прскање против комарци, кои во последниве години се чести преносители на заразни болести како западно нилска треска, болест од која во 2012 година 6 лица од Макединија се заразија, а три од нив починаа.
Зоран Димовски