Џафери: ДИК секако ќе се формира, Договорот со Грција во Службен весник пред распишување на референдумот

Поканите за в понеделник се испратени. Четворицата лидерти на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА повторно ќе седнат на иста маса во клубот на пратнеици од 9 часот утрината. И менито за дикусија е исто –  дормирањето ДИК, референдумското прашање и датумот,  како и барањата на ВМРО-ДПМНЕ за пржинска влада, измени во законот  за финансирање на партии, измени во законот и Кривичниот законик.

Претседатлеот на Собранието Талат Џафери се надева дека лидерите ќе постигнат договор на средбата но порачува дека без оглед на исходот ДИК, ќе се избере во секој случај. Во интервјуто за МИА Џафери вели ако партиите постигнат консензус предлагачот може да ги повлече предложените законски измени со кои ДИК ќе се бира со 61 пратеник наместо со двотетинско мнозинство.

„Во спротивно, што не посакувам, процедурата што е започната може да се доведе до крај затоа што нема инструменти за попречување освен ако не мислиме на онаа навика кога ќе треба законот да се носи на потпис кај претседателот на државата па тој да одлучи исто како за двата претходни закони. Тоа веќе е еден од инструментите за попречување“, вели Џафери.

Џафери вели и дека сеуште нема определено датум за референдум поради што и Собранието нема последен рок во кој треба да го распише референдумот. Тој во интревјуто потврдува и дека законот за ратификација на договорот со Грција ќе го испрати во Службен весник, пред да се одржи референдумот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта ги заобиколува демократските принципи и преку обидот да се измени Изборниот законик без консултација со експертите и опозицијата. Во пресрет на лидерската не отстапуваат од условите.

„ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека условите кои еднаш важеле за избори треба да важат и сега. Почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја. ВМРО-ДПМНЕ бара почитување на концептот за финансирање на политичките партии кој веќе беше договорен“, велат од опозицијата.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту мандат ниту право да отстапува од референдумот и од членството на Македонија во НАТО и ЕУ и велат дека волјата изразена на референдумот мора да биде обврзувачка за сите,

„Сите партии, а особено ВМРО-ДПМНЕ, кои со години се залагаа за членство во ЕУ, НАТО и за референдумско изјаснување за договорот за името имаат обврска да ги повикаат граѓаните да се изјаснат за стратешките интереси на државата и потоа обврзувачки да го испочитуваат гласот на граѓаните“, велат од СДСМ.

ДПА  која е дел од владеачкото мнозинство најави целосна поддршка на договорот и референдумот.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ