Кривична за тројца вработени во Катастар и еден геодет

Тројца вработени во Катастар и еден геодет заработија крвична за несовесно работење и фалсификување службена исправа. Гедодетот изготвил елаборат со лажни податоци, а еден од вработените во агенцијата го впишал во катастарската евиденција, без да ја направи потребната контрола.

Според информациите на Финасиската полиција, пет години подоцна, на ист начин, со елаборат подготвен од истиот геодет, постапиле и неговите колеги. И во двата случаи оштетено е едно исто лице, кое и во 2011та и во 2016та било избришано од катастарската евиденција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ