
Младите се најчести жртви и извршители на дела од омраза
Дури 60 инциденти и злодела од омраза се случиле досега годинава. Споредено со 2017-та тоа е опасен индикатор кога севкупно имало 70 дела од омраза. Хелсиншкиот комитет утврдил дека во Македонија нема институција која ги регистрира овие опасни инциденти и дека органите на прогонот не постапуваат соодветно.
„Потребно е сериозно да се сфати феноменот на говор на омраза кој продуцира инциденти. Свесни сме дека настаните од 27 април беа последица на брутален говор на омраза и поттикнување на насилство. Убиството на Саздовски имаше елементи на етничка нетрпеливост“, вели директорката на Хелсиншки Уранија Пировска.
За жал најчесто сторителите и жртвите на делата од омраза се млади луѓе. Најголем дел од инцидентите се во мешани етнички средини, најмногу ги има во Гази Баба, Чаир и Центар.
Тепачките во автобуси и постојки не се отстранети. Најмногу инциденти од омраза во 2017 година има поради политичката припадност, а на второ место е етничката припадност. Не изостануваат ниту тепачки и инциденти меѓу спортските навивачи.
Делата од омрата мора да се пријават и расчистат, како и да се спречи говорот на омраза кој се шири во Македонија со поголема едукација од најмали нозе за соживотот и толеранцијата меѓу етничките заедници.
Христијан Станоевиќ