Франција во Главната фаза на ЕП, Шведска до првиот триумф

Шведска го обезбеди првиот триумф откако ја совлада Србија со 30:25 во второто коло од групата А што се игра во Сплит, на Европското ракометно првенство во Хрватска.

Во исполнетата арена „Паладиум„, Шведска ги залечи раните по неочекуваниот старт и поразот од Исланд. Уште по првите 30 минути го најави триумфот кога на одмор замина со водство од 16:10. Тој резултат го контролираше и во продолжение освен во еден момент кога по водството од 23:18, Србија направи серија од 4:1 и ја спушти негативата на два гола. Сепеак, него издржа притисокот и немаше сили за пресврт, што на крајот значеше втор пораз со кој ги сведе на теорија шансите за пласман во втората фаза.

Голманот Апелгрин беше јунак на средбата со 20 одбрани, Лагергрен ја предводеше Шведска во нападот со пет голови, еден помалку постигнаа Екберг и Нилсон. Во Србија, Илиќ беше најпрецизен со пет голови.

Домаќинот Хрватска и Исланд ќе го комплетираат колото во групата А.

Франција е првата репрезентација која се пласираше во четвртфиналната фаза на континенталниот собир. Светскиот првак рутинирано стигна до вториот триумф совладувајќи ја Австрија со 33:26 во првиот меч од второто коло во групата Б што се игра во Пореч.

Нгесан со седум голови беше прв стрелец кај „триколорите“, Абало, Ремили и Кошето постигнаа по четири. Во празениот тим Вебер со пет погодоци беше најефикасен.

На вториот меч од оваа конкуренција играат, Норвешка и Белорусија.

Резултати 2. Коло – А група:

Шведска – Србија 30 – 25

Хрватска – Исланд 20:30 час

Б група:

Франција – Австрија 33 – 26

Норвешка – Белорусија 20:30 час

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ