
ВМРО-ДПМНЕ поднесе стотици амандмани за измените на Изборниот законик
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираше на закажувањето на седницата на Комисијата за европски прашања и утврдувањето на дневниот ред. Бараа да се прекине седницата со образложение дека не биле консултирани за Измените на Изборниот законик, а не биле ниту преведени 400-те амандмани кои ги поднеле.
Претседателот на комисијата Артан Груби го информираше Димовски дека за текот на седницата биле договорени со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.
По утврдувањето на дневниот ред седницата беше прекината за да им се овозможи на собраниските служби да ги преведат на албански јазик амандманите. Груби очекува целата расправа да заврши за два дена затоа што се работи за предлог закон кој се носи по скратена постапка.
Предлог измените предвидуваат членовите на ДИК да се бираат со 61 глас, а не како досега со 81. Целта е да се деблокира процесот на избор на ДИК која ќе треба да го организира референдумот.
Јулијана Пешевска