Измените на Изборниот законик во Собрание

Пратениците ќе расправаат за измените на Изборниот законик. Ова го најави премиерот Заев по завршувањето на лидерската средба. Се очекува претседателот на Комисијата за европски прашања, Аратан Груби да ја закаже седницата на која ќе се утврди предлог листата со кандидати за членови на ДИК.

Пратениците беа воздржани од каков било коментар за измените на Изборниот законик. Од собраниската агенда едногласно ја усвоија декларацијата за подршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев рече дека членството во НАТО занчи многу работа и обврски, владеење на правото, независно судство, развиен образовен и здраствен систем.

За СДСМ влезот во НАТО носи безбедност, стабилност и економски инвестиции.

За декларацијата гласаа 76 пратеници. Воздржани и против немаше.

 

Јулијана Лефковска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ