Обвинение за градоначалникот на Ново Село за шверц на цигари

Обвинение за криумчарење цигари за градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев и четворицата соучесници. Обвинението денеска го достави струмичкото основно обвинителство до основен суд Струмица. Освен предлог за обвинение, до струмичкиот суд е поднесен и предлог за продолжување на притворот на четворица од нив. Поради здравствени причини, за петтото лице е одредена мерка домашен притвор.

Градоначалникот Стојчев, беше уапсен на 10 јули заедно со членови на неговото потесно семејство во обид со две возила да пренесат 66 картонски кутии со близу 40 илјади кутии цигари марка Калипсо. Цигарите биле натоварени во Ново Коњарево и со нив се упатиле кон селото Бадилен, со цел преку див граничен премин да се пренесат на бугарска територија. Петтиот обвинет бил во извидништво со мотцикл и тој имал задача да го надгледува теренот за евентуално присуство на полиција.

Уапсени се кај местото Попина Чука, на околу два километра од границата.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ