Министерството за земјоделство бара начин за заштита на домашните производители

Одлуката на Владата на Косово за воведување времена мерка не е во согласност со заеднички зацртаните цели како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери, реагира Министерството за змејоделие.Од таму велат дека се работи на анализи на ефектите од мерката и брзо ќе излезат со реакција за што ќе бидат известени сите членки на ЦЕФТА.

„Наша обврска како ресорно министерство е да го заштитиме домашното производство и извозно оринетираните земјоделски производи. Очекуваме Владата на Косово да ги земе во предвид придобивките од  започнатиот Берлински процес и  низ една заедничка дискусија да  дојдеме до заедничко решение, кое што ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот“, се вели во реакцијата на Министертсвото за земјоделие.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ