„Пуцко петрол“ со најголем профит од тендери во 2017 година

Нафтениот дистрибутер „Пуцко петрол“ чиј сопственик е градоначалникот на Општина Пласница од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, е фирмата која заработила најмногу од тендерите распишани од општините во 2017 година покажува истражувањето на  Центарот за граѓански комуникации, во која се вклучени вкупно 2.737 договори на општините склучени со 1.048 фирми. На второто и третото место по остварен профит се градежните фирми „Бауер БГ“ од Скопје и „НБ- Компани“ од Тетово.

Истражувањето покажува дека „Пуцко петрол“ минатата година добил вкупно 29 тендери распишани од 19 општини низ државата од кои заработил 182 милиони денари. Најголем профит има остварено од тендерите склучени со општина Гостивар – 46,3 милиони денари или 25 отсто. Споредено со 2016 година оваа фирма двојно го зголемила профитот од јавните набавки. Интересно е што сопственикот на најсупешната фирма, Јахоски е по пети пат  градоначалник на најсиромашната оптшина во Македонија која со години е со блокирана сметка.

На второ место според профитот минатата година е „БауерБГ“ која од  13 тендери заработила вкупно 144 милиони денари. Оваа фирма добила тендери од скопските општини Чаир, Гази Баба, Центар и Петровец како и од Град Скопје со кого се склучени највердните зделки тешки 45 милиони денари. Оваа фирма учествуваше и во проектот „Скопје 2014“ каде за 11 изградени објекти инкасираше 44 милиони денари.

„НБ Компани“ пак минатата година работи исклучиво со Општина Тетово. Четирите склучени тендери се вредни 124 милиони денари односно 2 милиони евра. Оваа компанија традиононално соработува со општините каде градоначалници се од редовите на ДУИ.

Гледано по оштини најмног утендери има распишано Град Скопје – 153 чија вредност е 611 милиони денари односно 10 милиони евра. Веднаш потоа се општините Аеродром со 71 тендер вреден 288 милиони денари и КУманово со склучени 32 тендери вредни 269 милиони денари.

Според центарот за граѓански комуникации осумдесетте општини низ државата и Град Скопје минатата година склучиле вкупно 2.737 тендери со вкупна вредност од 4,9 милијарди денари, односно 80 милиони евра. Вредноста на тендерите во 2017 година е помала од претходната 2016 година за дури 62 милиони евра но тоа се должи на одржувањето на локалните избори.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ