Косово ги зголеми царините, Македонија не знае што да прави

За дваестина земјоделски производи кои од утре па се до 19 октомври ќе бидат извезени во Косово ќе се плаќа за 30 % повисока царина.Косовската влада ја усвои мерката со која сака да го заштити сопственото производство а ќе се однесува на сите земји од каде увезува храна.Иако мерката беше најавен уште во петокот, македонската влада дури денеска ќе анализира како да ги заштити домашните производители и  ќе одлучува дали ќе воведе контра мерки.

„Ова не е никаква трговска војна меѓу Македонија и Косово.Имаме обврска согласно меѓународни договори да преземеме наши мерки“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Косовскиот министер за регионален развој го одбегна одговорот зошто Македонија не била информирана за ваквата намера  но тврди дека мерката има цел да ги заштити косовските змејоделци

„Одлуката не е насочена кон Македонија.Мислам дека нема да дојде до реципрочни мерки.Оваа одлука на владата е долго и добро анализирана и ќе биде во корист на нашите производители“, вели Расим Демири од министерството за регионален развој на Косово.

Експертите сугерираат Македонија да не брза со контра мерки но да настојува одлуката на Косово да не се однесуваат на нашата земја

„Ние на Балканот сме спремни кога не ни е конкурентно производството да бараме решение на штета на другиот,не е во ред со невообичаени, непазарни односи, членки на ЦЕФТА вака да соработуваат, треба да очекуваат казна“, смета Проф.Др Борис Анакиев.

Косовската влада одлучи од утре па во следните 90 дена, 21 вид овошје и зеленчук што ќе влезат во земјата да имаат повисоки царини. На листата на земјоделски производи кои подлежат  на новите давачки се компир, домат, пиперка, диња, лубеница, зелка, спанаќ, кромид јаболко, пченка.

Виолета Зајкова Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ