Напаѓачите на Саздовски ќе се гонат за свирепо убиство на подмолен начин

Јавното обвинителство пресече – напаѓачите на комитата Никола Саздовски ќе се гонат за убиство на свиреп и подмолен начин, а не како досега за насилтво. Обдукцијата, а потоа и вештачењето од институтот за судска медицина ги дало одговорите како починал Саздовски и  од кои удари. Овие докази, снимките и изјавите од сведоците и смртта на 21 годишното момче биле доволни по 17 дена истрага обвнителите да ја прекфалификуваат кривичната пријава на МВР.

„Ова вештачење беше доставено во обвинителството на 16 јули 2018 година и од него неспорно произлегува динамиката на кривично-правниот настан во смисла на видот и карактерот на здобиените повреди кај лицето Н.С., а се утврдува и причинско-последичната врска на нанесените повреди и нивното влијание на смртниот исход. Одлуката за преквалификација на кривичното дело можеше да се донесе само откако јавното обвинителство ги обезбеди сите релевантни докази, меѓу кои и судско медицинското вештачење, и откако ги утврди фактите кои произлегуваат од тие докази.“, соопштија од Јавното обвинителство.

Никола Саздовски во првичната верзија на полицијата бил нападнат од три млади момчиња кои излегле од „мерцедес“ и со тупанци и клоци на автобуска постојка во Автокоманда. Друга верзија засега нема, бидејќи двајца упасени и притворени Скендер Д. И БЕсир Б. пред обвинтелот се бранеа со молчење. Ќе зборуват откако ќе ги видат сите докази. Полицијата, а сега и обвинителстовто  го бараат третиот напаѓач.

„За третиот осомничен кој се уште е недостапен ќе биде распишана домашна и меѓународна потерница.Воедно, надлежен јавен обвинител во текот на истражната постапка, продолжува да презема и други истражни дејствија, меѓу кои ќе издаде и наредба за медицинско психијатриско вештачење на двајцата осомничени.“, велат од обвинителството.

Саздовски на трибините ги бранел боите на фудбалскиот клуб ВАрдар, а тројцата на напаѓачи на Шкупи од Скопки Чаир. Нивната средба во авткоманда заврши со кома за Саздовски, а притвор за двајца и едно момче во бегство. Доколку обвнителстовто покрене, а судот го прифати обвниенеите, и се докаже нивната вина можат да добијат  затворски казни од 10 години до доживотен затвор.

 

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ