
Македонските тимови ги добија противниците за европските настапи
Пролет го доби чешкиот тим Баник Карвина во второто по ранг клупско ракометно натпреварување, ЕХФ Купот. Првиот натпревар од второто коло скопскиот тим ќе го игра на гости на шестти или седми октомври, додека реваншот е една седмица подоцна.
Во третото коло од ЕХФ купот ќе се приклучи уште еден македонски претставник, тимот на Еурофарм Работник од Битола.
На ждрепката во Виена беа одредени и двојките за ЕХФ купот во женска конкуренција. ЖРК Металург за противник во првото квалификациско коло ќе го има француски Иси Париз.
Првиот натпревар на програмата е на осми или деветти , а реваншот се игра седмица подоцна.
Доколку Металург го помине Иси, во второто коло повторно ќе се соочи со француски тим – Нант.
Исто така Пелистер и Куманово ги добија противниците во третото коло во Челинџ купот.
Битолскиот тим беше носител пред денешниот ждреб и за противник го добија „Ла Сале“ од Малта, кој е дебитант во европските купови.
Првиот натпревар, тимот од Битола ќе го игра на гости на 10 или 11 ноември, додека реваншот ќе биде седум дена подоцна.
Во истите термини ЖРК Куманово, се среќава со холандскиот тим „Геониус“.
Доколку ги мине Холанѓанките, екипата на Куманово, која минатата сезона заврши на четвртото место во Женската лига, ќе се пласира во осминафиналето од Челинџ купот.