
Протестен марш на „Комити“, бараат правда за Саздовски
Навивачката група „Комити“ излезе на протестен марш за прерано починатиот член на групата, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по неколкудневна кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица, на Клиничкиот центар во Скопје им подлегна на повредите. Со извици „Македонија”, „Правда за Саздо”,и слика од Саздовски навивачката група „Комити” го започна маршот.
Говор одржа отец Ивица кој повика веќе во Македонија да нема невини жртви и убиства по улиците. Тој се помоли и за душата на убиениот Никола и порача дека во Македонците имаат почит за сите и очекуваат почит од сите.