
Ружин: Доаѓањето на Столтенберг е вистинска посета во вистинско време
Вистинска посета во вистинско време. За професорот Нано Ружин посетата на генералниот секретар на НАТО не е случајна. Столтенберг доаѓа повеќе во дипломатска функција да ја охрабри владата во однос на реформите и да ги информира пратениците дека Алијансата смета на резултатите од нивното спроведување во Македонија како идна можеби 30 членка на НАТО, вели Ружин.
Добро е што овој пат станува збор за втората опција. Неговата посета вели Ружин треба да испрати и силна порака до Грција и е дел од меѓународните напори да се поттикне решавањето на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција за името.
Според него, Алијансата, одобено САД се особено заинтересирани Македонија да стане следната членка. За американските геостратези регионот стана особено интересен по геоекономскиот интерес на Русија.
Последна посета на висок функционер на НАТО на Македонија беше во мај 2014-та година кога земјата ја посети тогашниот генерален секретар Расмусен. Од страна на Алијансата до сега неколку пати беше посочено дека решавањето на спорот со името е еден од условите за членство
Очекувањата се дека 25-годишниот спор околу името, ќе може да се реши во првото полугодие од оваа година, односно до Самитот на НАТО, кој треба да се одржи во јули во Брисел.
Во среда во Њујорк почнува нова рунда разговори за решавање на спорот со името. Медијаторот Нимиц ќе се сретне со преговарачите на Македонија и Грција, Наумовски и Василакис. Очекуватата се дека Нимиц ќе излезе со предлог.
И македонската и грчката влада имаат големи очекувања од новата рунда преговори. За сега ги отфрлаат како шпекулации, пишувањата на медиумите кои излегоа со конкретни имиња, како евентуални предлози на Нимиц.
Сања Јовановиќ Дамјановска