Тројца повредени во престрелка во Тетово

На тројцата повредени во инцидентот извршен им е операционен зафат. Се наоѓаат на Карил во Скопје. Нивната здравствена состојба се следи. Триесет и седум годишниот С.К. кој бил застрелан во стомакот е во животно – загрозувачка состојба додека неговиот помлад брат, исто така со иницијали С.К., има повреда од огнено оружје во десната потколеница. Третото лице на возраст од 49 години пак има здобено сериозни повреди во главата.

Браќата живееле во ова тетовско мало на улицата „29 ноември“ каде се случила вооружената престрелка, а третиот учесник е жител на тетовската населба Теќе.

Инцидентот се случил токму на ова место синоќа околу 2 часот По извршениот увид од страна на полицијата е пронајдено огнено оружје муниција и возило кое ќе се вештачат

По наредба на Јавниот обивнител на сите инволвирани во инцидентот ќе им бидат земени парафински ракавици, заради проверка на присуство на барутни честички и алкохол во крвта

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ