
Царовска: Потребна е едукација на социјалните работници
Трагичниот пожар во кој изгореа три деца во Велес, оставеното новороденче во Битола и претепаното бебе донесено на Карил сеуште без разрешница. Заврши истрагата за случајот со оставеното новороденче во Битола. Од МВР велат дека во понеделник ќе поднесат кривична пријава против мајката. Случајот во кој беше повредено едногодишното девојче во Скопје сеуште е во истрага. Полицијата и по 4 дена истрага сеуште не кажува кој го тепало бебето, иако мајката помина 24 часа во полициска станица. Во случајот во кој животот го трагично го загубија трите деца во Велес од МВР велат дека истрагата е завршена и случајот е предаден на Јавното обвинителство.
Овие три случаи го извадија на површина затајувањето на системот за социјална заштита. Министерката за труд и социјала Мила Царовска со единствен одговор за трите случаи.
Од канцеларија не се решаваат проблемите кои ги имаат социјалните семејства. Овие критики на адреса на социјалните работници дојдоа пред неколку дена од Народниот правобранител, кој многу пати укажувал дека на терен мора да се лоцираат и да се превенираат ризичните случаи.
Случаите изгорените деца во Велес, на оставеното новороденче во Битола и претепаното бебе во Скопје се случија во само еден месец.
Јордан Дуков