И денеска се чистеше Клинички центар, системско решение уште нема

По холанските средношколци,  втор пат неделава, преку акција, а не системски, се решава проблемот со ѓубрето на Клинички центар. Актери и други уметници собираа отпад од најзафрлените места во кругот на клиниките, а целта на акцијата е како што велат, да ја покренат свеста кај несовесните граѓани за потребата од чистење и одржување на клиниките . Најавија дека акцијата ќе продолжи еднаш неделно и на други критични места.

„Како вработени актери, сезоната во театрите ни заврши. Имаме слободно време и решивме да го искористиме корисно и да бидеме општествено одговорни. Така, решивме да започнеме летна акција, во која што секоја недела на различни места ќе се појавуваме и ќе го собираме ѓубрето“, кажа Сања Арсовска-актерка и претседател на СКРМ

На акцијата не и оделеа ни вашиот репортер.

„Чистотата е половина здравје, вели старата народна поговорка. А, чистотата на Клинички центар е оглодало на нашата свест и совест. Затоа и нашата екипа се вклучи кон акцијата за чистење на најголемиот Граѓаните ја поздравија акцијата, но велат дека граѓанската свест треба да се зголеми и да прејде и кај одговорните институции болнички центар во државата“.

Пред уметниците, утрово Клинички центар го чистеа и од „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленила“, „ Водовот и канализација“, „Улици и патишта“ и од „ Ј.С. П.“. Директорот на „Комунална хигиена“,  дојде со заменик министерот за здравство. Најави дека од утре ќе продолжат повремено да го чистат Клинички и покрај долгот кон нив од над 30 милиони денари и дека се на прагот на решение за проблемот . Но, ништо поконкретно не кажаа.

„Овој спор не е нов. Ова е стар спор. Со тоа што ние очекуваме што побргу да го решиме. Од наша страна секогаш ќе бидеме присутни во Клинички, без разлика, дали сме или не сме обврзни. Сепак, како што реков, грижата и совеста не не оставаат ние да не излеземе во пресрет на пациентите и на граѓаните“, кажа Адусамет Шабани- директор на Комунална хигиена.

„На праг на решение на ситуацијата сме. Тие изразуваат добра воља да ни помагаат и покрај тешкотиите што ги имаат“, кажа Асим Муса- заменик министер за здравство.

Од Град Скопје денеска рекоа дека ќе ја превземат грижата за хигиената во Клинички центар, а додека не се решат правните аспекти , апелираа граѓаните да ја покажат љубовта кон градот преку фрлање на отпадот во поставените корпи и контејнери. Проблемот со сметот во Клинички центар трае повеќе од три месеци. Министерството за здравство неодамна го укина тендерот распишан за избор на фирма што ќе го чисти, а министерот Венко Филипче вчера рече дека се бара правно решение, јавно претпријатие , а не приватна фирма да го чисти и одржува објектот.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ