
Групите А и Б го отвараат второто коло на Европското првенство
Вториот ден од европското ракометно првенство помина без поголеми изненадувања, шампионот Германија со 32:19 ја декласираше Црна Гора, Шпанците со 32:15 премногу лесно ја совладаа Чешка, додека Данска, малку потешко од очекуваното славеше над Унгарија со 32:25. Единствениот неочекуван резултат беше победата на Македонија над Словенија со 25:24.
Групите А и Б денеска го отвараат второто коло. Србија во 18:15 часот против Шведска ќе се обиде да го надмине тешкиот пораз од Хрватска на отварањето на шампионатот, додека домаќинот во 20:30 часот ќе се соочи со Исланд, затворајќи го второто коло во Сплит. Во Пореч, групата Б во терминот од 18:15 часот, Франција против Австрија ќе се обиде да стигне до втората победа а подоцна во 20:30 часот Норвешка против Белорусија ќе ги бара своите први бодови на првенството.
Двојки 2. Коло – А група (Сплит):
Србија – Шведска 18.:15 (Пренос ТВ Телма)
Хрватска – Исланд 20:30 (Пренос ТВ Телма)
Табела:
- Хрватска 2 бода
- Исланд 2
- Шведска 0
- Србија 0
Б група (Пореч) – 2. коло:
Франција – Австрија 18:15
Норвешка – Белорусија 20:30
Табела:
- Франција 2
- Белорусија 2
- Норвешка 0
- Австрија 0