
14-ти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација
Земјата ја постигна една од најголемите успешни приказни во нашето време порача Могерини по 14 состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија и Европската унија во Брисел. Таа ги повика сите политички лидери и граѓаните заедно да учествуваат во ратификацијата на договорот за името.
„Единството, одговорноста и прагматизмот од целото општество беа клучни во постигнувањето резултати, особено за реформската агенда. Веруваме дека како што беа инструмент за постигнување резултати исто така ќе бидат инструмент да се продолжи во наредните месеци со чекорите“, вели Могерини.
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан предупреди дека и покрај позитивниот исход во преговорите за името, претстои уште работа да се заврши во пристапниот процес. За Министерот за надворешни работи Дикола Димитров токму пристапниот процес е најдобрата достапна реформска алатка за Македонија и порача дека замјата има резултати со кои може да ги убеди земјите кои не се убедени во подготвеноста на Мекедонија да ги започне пристапните преговори.
„Имаме многу контректни докази да им ги покажеме на тие земји членки на кои се уште им е потребно убедување. Немам никаков сомнеж дека во следните месеци и наредната пролет, секој ќе сака да биде дел од, да ја наречеме, едногласното признание на нашиот успех и политичката одлука да се започнат пристапните преговори“, изјави министерот Димитров.
Подготовките и предизвиците кои произлегуваат од временската рамка за почеток на преговорите, односите меѓу Македонија и ЕУ во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и останати теми поврзани со европските интеграции на Македонија, беа исто така разгледани на денешниот состанок на советот за стабилизација и асоцијација.
Игор Трајков