Заев очекува брзо формирање на ДИК

Премиерот Заев очекува во најкус можен рок да се формира ДИК. Убеден е дека преговарачките тимови ќе го завршат целиот процес а потоа сите партии ќе седнат на заедничка маса и ќе отворат дебата за референдумското прашање.

Заев го оцени како адолесцентно условувањето на ВМРО-ДПМНЕ за ДИК. Соопшти дека  Законот за финансирање на политичките партии кој беше еден од условите на ВМРО-ДПМНЕ за делегирање на членови на ДИК веќе е влезен во собраниска процедура. Останува на ставот да не се менува Изборниот законик како што бара опзоицијата, односно да се формира техничка влада три месеци пред избори.

Заев ја повика опозицијата да биде конструктивна затоа што референдумот е од историско значење. Отворен е за средби со лидерот на Вмро Дпмне ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на кои би се дебатирало за сите отворени прашања. Во моментов не гледа потреба од свикување на лидерска средба. Не очекува опструкции, ниту пак условувања кои ќе имплицираат какво било блокирање на процесите. Референдумот ќе се одржи кон крајот на септември или почетокот на октомври.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ