Потпишана и врачена поканата за НАТО

Македонија и официјално го почна процесот на пристапување во НАТО. Ова е ден за славење, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг откако ја потпиша поканата и му ја врачи на премиерот Зоран Заев. Свесен дека иако компромисот не бил лесен ниту за Македонија, ниту за Грција, но тој е важен за целиот регион. По славењето, Македонија ја очекуваат тешки месеци до полноправно членство во Алијансата.

„Откако сите ваши национални процедури ќе бидат комплетирани, а сите сојузници на НАТО го ратификуваат вашето пристапување, ќе станете триесеттиот член на оваа Алијанса. Со место на нашата маса. Со еднаков глас во нашите дискусии. Еднаков глас во нашите одлуки. И безбедноста што доаѓа со тоа што е дел од најуспешниот воен сојуз на светот. Тоа ќе биде горд и важен ден за вашата земја. За вашиот регион. И за НАТО“.

Премиерот Заев во славеничко расположение поканата ја смета за признание за работата на сите политичари пред него и на институциите во државата, но и дека е поттик за решавање на сите спорови на Балканот.

По врачувањето на Поканата Заев е уште поголем оптимист дека референдумот во Македонија ќе биде успешен и порача дека тој ќе значи ДА за иднината на Македонија. Верува дека граќаните ја препознаваат својата историска одговорност.

Тој жали што претседателот Иванов ја пропуштил можноста да  честита за поканата од НАТО и да им даде шанса на граѓаните.

Пристапниот процес  на Македонија почнува веднаш, велат во НАТО и првиот тим доаќа кон крајот на јули, а официјално преговорите почнуваат наесен и би траеле неколку месеци. Но од имплементацијата на Договорот за името и во Македонија и во Грција ќе зависи колку брзо макеоднија ќе стане полноправна членка.

Сања Васиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ