
Потврдена е поканата за пристапни преговори на Македонија во НАТО
Потврдена е поканата за Македонија. Во заклучоците од самитот на Алијансата се објаснува и заклучокот за Македонија.
„Го поздравуваме постигнатитот договор за името меѓу Скопје и Атина, и во согласност со политиките на Алијансата, одлучивме да ја поканиме владата во Скопје да ги започне пристапните преговори за членство во Алијансата. Услова за тоа е целосна имплементација на сите пропишани внатрешни процедури кои се однесуваат на договорот за решението за името, а со тоа и за успешно окончување на пристапниот процес“, стои во соопштението.
НАТО притоа ги поздравува напорите на владата и постигнатиот напредок во низа итни реформи, и ја охрабрува да вложи понатамошни напори во реформите, пред и после пристапување во НАТО, со цел да го засили и својот придонес кон Алијансата.
„Ги повикуваме сите политички лидери во земјата да имаат конструктивна улога во овој процес, и во брза имплементација на договорот за името“.