Македонија ја има најниската стапка на употреба на контрацепција во регионот на Источна Европа

Македонија ја има најниската стапка на употреба на контрацепција во регионот на Источна Европа. На одбележувањето на светскиот ден на населението Луиза Витон од Обединетите нации апелира да се развие дебатата за користење на модерните контрацептивни методи, особено кај младите девојки. Главната цел е да има подобро планирање на семејството, поголема еманципација и заштита на здравјето.

Македонија има индекс на употреба на контрацепција во 2017 година од само 51 процент кај жените, што е помалку од Србија со 59%, Турција со 74%, додека пак рекордер е Норвешка со 93%.

Недостигот на модерни контрацепциски методи е поврзано и со високи стапки на смртност кај родилки. Македонија имала 8% случаи на смртност во изминатата година и во тие параметри е подобра од Србија и Турција.

Ако Норвешка и Словенија се лидери со најмал процент на стапка на раѓања кај малолетни девојки со стапка од само 5%, кај Македонија таа стапка изнесува 19%, но споредено со Србија и Турција е во подобра позиција.

 

Главни пречки при користење контрацепција

  • Ниска информираност за придобивките од СП;
  • Недоволно знаење за можностите за користење контрацепција, особено меѓу младите девојки и жени од рурални области;
  • Предрасуди/погрешно убедување и загриженост за несаканите дејства и ефекти по здравјето;
  • Финансиски пречки – не се дел од националните здравствени превентивни програми, ниту пак се наоѓаат на позитивната листа на лекови (преку фондот за осигурување);
  • Страв од општествено неприфаќање или одбивање на партнерот; ¡ Недоволно вештини за преговарање со партнерот;
  • Родова нерамноправност;
  • Родови стереотипи околу контрацепција за мажи;
  • Давателите на услуги не се мотивирани бидејќи СП услугите се активност која зема доста време;
  • Здравствените услуги не се приспособени на посебните потреби на различните групи од населението (на пр. адолесценти);

Извор: Хера

Во Македонија општествената стигматизација делува ограничувачки кон младите девојки и жени.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ