
Готемолер: Може да се случи на почетокот на 2019 година да бидете повикани на масата на НАТО
Роуз Готемолер, заменик генерален секретар на НАТО, ја објаснува динамиката која ја очекува Македонија за влез во НАТО Алијансата, откако би добиле покана за старт на преговори.
„Веќе се подготвуваат драфт документите за да може да се почнат разговорите со вашите колеги во министерствата. Тоа ќе почне и продолжи и ќе трае неколку месеци, обично три или четири месеци, и во тој момент ќе го имаме таканаречениот пристапен протокол подготвен и тој ќе биде испратен до сите 29 парламенти и законодавни домови на државите членки на НАТО за да бидат ратификувани во секој од нив. Тогаш БЈРМ ќе биде повикана на масата, ќе биде поканета да се приклучи на сите состаноци да учествува во нашите дискусии. Во тој момент ќе бидете повикани на масата на НАТО“.
„Со нетрпение го очекуваме тој момент, и може да се случи на почетокот на 2019 година. Но, ќе треба време за секој парламент и законодовен дом да го ратификува тој документ, тој пристапен протокол и тоа ќе одземе малку време“.
„Но, тоа е процесот на НАТО и тука нема условувања и процесот ќе се движи напред. Знам дека има внатрешни процеси кои мора да се имплементираат за да се имплментира договорот меѓу Скопје и Атина. Тоа не е услов на НАТО, но битно е тие процеси исто така да бидат импелентирани за да може се оди чекор понатаму“.