
Мајката на претепаното дето задржана во полициска станица
Од канцеларија не се решаваат проблемите кои ги имаат социјалните семејства. Критиката на адреса на социјалните работници доаѓа од Народниот правобранител, кој многу пати укажувал дека на терен мора да се лоцираат и да се превенираат ризичните случаи.
А токму така се работело и со мајката чие бебе беше донесено на клинички, претепано. Таа е дете излезено од дом. Центарот за социјални грижи Скопје и понудил она што било негова законска обврска, парична помош која и следува, но никој не истражувал каков живот живее таа и нејзината принова.
Клаудија, мајката на претепаното дете била во вонбрачна заедница со таткото, кој во моментов е во затвор. Еден месец пред инцидентот не се вратила во куќата на сопругот каде престојувала претходно. Сега е во шелтер центар за жртви на насилство. На детето му е одреден старател. За правобранителот токму негрижата за социјалниот живот на децата излезени од дом е главен проблем поттикнат од државата.
Според информациите на Телма, мајката денеска повторно давала исказ пред полицијата. Сепак се уште не се знае кој го повредил едногодишното девојче. Таа од денеска се храни нормално, добро напредува и ќе биде префрлена на детска хирургија. За помалку од еден месец ова е втор случај во кој жртви се деца. Три загинаа во Велес во пожар, во куќа во која ги заклучиле родителите. И таму социјалните служби го знаеле семејството, но не превенирале.
Билјана Николовска