Клучниот сведок во убиството на Никола Саздовски ќе даде исказ во ОЈО

Денеска во Основното јавно обвинителство-Скопје се очекува да даде исказ клучен сведок кој бил присутен во моментот кога бил нападнат младиот Никола Саздовски кој вчера почина на Скопската клиника.

Од Обвинителство потенцираат дека по тој исказ, но и по резултатите што ќе ги добијат по обдукцијата, најверојатно ќе отворат истрага со поинаква правна квалификација на кривичното дело.

Дваесет и едногодишниот Саздовски, кој крвнички беше претепан на 29 јуни во скопската населба Автокоманда, по десетина дена поминати во кома на КАРИЛ, вчера рано наутро им подлегна на повредите.

Полицијата успаси две лица за овој случај на кои им е одреден притвор, додека по едно се трага.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ