
Митревски: Сите сме заслужни за победата
Вториот голман на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски кој со 9-те одбрани беше еден од најзаслужните играчи на теренот против репрезентацијата на Словенија. Повеќето од одбраните на Митревски беа на почетокот на второто полувреме и помогнаа нашите ракометари да го свртат ткот на играта и да направат предност пред Словенците од четири гола. Голманот Митревски скормно изјави дека не е само тој јунакот на натпреварот, туку сите играчи се заслужни за победата
„Прво сакам да им честитам на соиграчите за големата победа. Можеби моето влегување им даде дополнителна енергија на соиграчите, но јас не бев клучниот играч на средбата. Во второто полувреме игравме како тим, нападот проработе а добри бевме во одбрана. Кога сето ова се склопи, победата дојде сама по себе“, изјави Митревски.