
КАРИЛ: Бебето е во стабилна состојба
14 -месечното бебе кое вчера беше донесено на КАРИЛ е во стабилна состојба, велат од таму за Телма. Тоа почнало да се храни самостојно и полека зацелуваат и повредите на мозокот.
Лекарите велат дека доколку добро напредува во следните 24 часа утре ќе биде префрлено на детската клиника. Од министерството за труд истражуваат дали станува збор за семејно насилство бидејќи девојчето имало крварење во мозокот и тешки скршеници на коските на нозете. Случајот во моментов е во рацете на социјалните служби кои засега не дозволуваат контакт на роднините со него.
По пријавувањето на случајот во полицијата 20- годишната мајка беше повикана на распит. Од МВР утрово за Телма велат дека продолжуваат со истагата кој го претепал бебето.