
Временското ограничување за продажба на алкохол заминува во историјата
Законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите денеска стапија на сила, откако беа објавени во Службен весник.
Пред десетина дена во Собранието со 62 гласа „за” пратениците гласаа за измените на Законот за трговија.
Во мај, Владата даде предлог до Собранието да го укине ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци.