
Хамилтон рекорден шестти пат на пол во Силверстоун
Луис Хамилтон се избори за пол-позиција на домашен терен во пресрет на утрешната 10 трка од формула еден шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Велика Британија.
Возачот на „Мерцедес“ шестти рекорден пат во карирата или четврти во низа победи на официјалните квалификации во Силверстоун откако извозе побрз круг од двоецот на „Ферари“, за 44 илјадитинки од Германецот Себастијан Фетел кој ќе му прави друштво во првиот ред и за 98 илјадитинки од третопласираниот Финец Кими Раиконен.
Вториот возач на „Мерцедес“, Финециот Валтери Ботас ќе стартува како четвртти, додека третиот ред ќе го сочинуваат, пилотите на „Ред Бул“, Холанѓанецот Макс Верстапен и Австралиецот Даниел Рикиардо.
Во пресрет на утрешната трка, во Генералниот пласман кај возачите, Фетел е лидер со 146 бодови, еден бод повеќе од актуелниот првак Хамилтон. Раиконен е трет со 101 бод.