
Мицкоски: Да видиме кои ќе бидат чекорите на власта, па ќе решиме дали ќе учествуваме на референдумот
ВМРО-ДПМНЕ ќе чека да види дали ќе има референдум, кое ќе биде референдумското прашањето и содржината, па да реши дали ќе учествува на референдумот или ќе го бојкотира. Ова во вечерашната Топ тема на Ваша страна го соопшти лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на референдумот или ќе го бојкотира одговори дека не сака да одговара на хипотетички прашања.
„Да видиме какви ќе бидат чекорите на власта па да одговориме соодветно. Да видиме што ќе биде од мнозинството, какви ќе бидат политиките, па ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на прашањето, а не ми е пријанто да одговарам на хипотетички прашања“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ негираше дека партијата стои зад кампањата за бојкот на референдумот кој се пласираше на социјалните мрежи.