Закочен изборот на ДИК

Закочен е изборот на членови на ДИК. Претседатлот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски не ја закажува седницата на која треба да биде утврдена листата со кандидати со образложение дека партиите се уште немаат постигнато договор.

Доколку до наредната недела не се усогласат ставовите не е исклучена можноста во целиот процес да интервенира собранискиот спикер Талат Џафери и тој да ја закаже седницата. СДСМ тврди дека ВМРО ДПМНЕ намерно одолговлекува затоа што токму ова тело ќе треба да го организира референдумот.

Договор мора да има затоа што без согласност на ВМРО ДПМНЕ не може да се обезбеди двотретинско мнозинство за гласање. Сите партии со исклучок на најголемата опозициска партија веќе го информирале Џефери за своите кандидати. Борис Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристеска од СДСМ, Дитмире Шеху од ДУИ и Енвер Салихи заеднички канидат на Беса на Касами  и Алијансата на Албанците.

Од ВМРО ДПМНЕ не откриваат зошто се уште немаат утврдено свои кандидати. Извори од владејачката партија за Телма велат дека голем дел од членството не се согласувале Оливер Дерковски и Светлана Карапетрова да бидат нивни предлози со образложение дека тие немаат доволно капацитет да одговорат на предизвиците, особено поради фактот што токму некој од нив треба да биде претседател на ДИК.

На огласот за членови на ДИК се пријавија 41 кандидат. 17 јули е крајниот рок кога Собранието треба да го избере ова тело кое ќе има шестмесечен мандат.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ