Со 69 гласа „за“ повторно ратификуван договорот со Грција

Со 69 гласа за, 1 воздржан и ниту еден против, Собранието по втор пат ја ратификуваше Спогодбата со Грција. Иванов не може да го брани Уставот со негово кршење, порача министерот Никола Димитров, одговарајќи му на претседателот, кој одбива да го потпише указот. Димитров повика да се остават личните интереси на страна и сите да се сплотиме околу татковинските интереси.

Опозициските пратеници не присуствуваа на седницата. Велат дека процедурите се кршат, а договорот е против државните и националните интереси.

За СДСМ, гласањето на Договорот е патриотски чин. Го повикаа претседателот Иванов да го потпише указот, да не се меша во законодавната власт и да не врши кривично дело.

Независниот пратеник Ферид Мухиќ гласаше воздржано. Тој смета дека Меѓународната заедница, барајќи промена на нашето уставно име, ја крши Повелбата на Обединетите нации за немешање во внатрешните работи на друга држава.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ