
Одложено судењето за „Монструм“
Токму поради судењето за обидот за убиство на Села, и потребата од судската сала се одложи и денешното рочиште за случајот Монструм на СЈО. На 11 јули ќе се продолжи со изведување на докази од овој предмет.
На претходното рочиште се гледаше аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година. Претходно на прашања од обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи одговараше сведокот Ахмет Бекир, кој на претходното рочиште додека сведочеше за петкратното убиство кај Смилковако езеро се онесвести.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.