Националистички пораки на културни обележја

Провокативните содржини кои два месеци го грдат Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово утринава беа покриени со бела боја. Како и многу пати досега за единственото обележје од времето на НОБ, и покрај многубројните апели на Сојузот на борци, надлежните од Општина Тетово не се погрижија. Работата во свои раце ја презедоа од Музејот на тетовски крај. Го офорбаа споменикот и најавија дека ќе ги санираат оштетените делови. Упатија апел повеќе да не се сквернават спомениците, а за тие кои сакаат да се докажуваат на уметнички план, музејот може да им обезбеди слободни површини за цртање на графити.

Нагрдувањето на Споменикот е честа слика која ја затекнуваат од тетовската боречка организација. Апелираат обележјето да остане во иста состојба како на денешниот празник, посветен на борците.

Се надеваат дека национал романтизмот ќе го снема кај граѓаните, но и кај општинските власти кои од осамостојувањето на Македонија не се грижат за обележјата од НОБ. Оптимистички размислуваат, затоа што веќе и за најболното прашање враќање на спомен бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски Амбарче и Тодор Циповски Мерџан во центарот на Тетово, локалната власт започнува да дава зелено светло.

Бистите на народните херои пред 12 години без никаква одлука беа тргнати од градскиот плоштад поради негова реконструкција.

Сојузот на борци има изработено идејно решение Амбарче и Мерџан да се постават до Споменикот на револуцијата. Но досега локалние власти во неколку наврати одбиваат да донесат решение за повторно враќање на народните херои, со образложени дека за тоа треба сите советнички групи кои се дел од советот на Општина Тетово, да постигнат консензус.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ