Македонија ќе ги испорача условите на Брисел

Претстои напорно и жешко лето во кое Владата треба да ги убеди граѓаните во она што треба да биде одлука на референдумот. Премиерот Заев очекува конфонтации и опструкции за ова прашање но убеден е дека Македонија нема друга алтернатива. Нејзиниот пат е во ЕУ и НАТО. Со влегувањето во последната фаза од процесот на членство во Унијата нема да престане испораката на резултатите од реформите.

Германскиот амбасадор Томас Герберих оцени дека процесот на евроатланска интеграција не бил воопшто лесен, а Германија правела се што е во нејзина моќ исходот за Македонија да биде позитивен.

„Остатокот од патот нема да биде лесен, а понекогаш ќе биде и болен. Нема да има автоматизам. Позитивниот сигнал од Брисел е од исклучителна важност за успешната имплементација на историскиот договор меѓу Скопје и Атина во однос на прашањето за името. За населението во Македонија кое ќе гласа на референдум, сега е јасно дека Договорот за прашањето за името и ЕУ перспективата се неразделно поврзани“, рече Герберих.

Учесниците на конференцијата „Како до Европа“ заклучија дека до ЕУ може да се стаса само со натамошното спроведување на реформите во областа на правото, корупцијата, јавната администрација и имплементација на Договорот со Грција.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ