
Кривична за Тодоровиќ за изградбата на мостот Око
Хрватски Конструктор добил над 4.000 илјади евра за изградба на мостот Око за работи кои никогаш не ги довршил, пробивајќи ги сите зададени рокови според склучениот договор и анексот со општина Центар. Екс градоначалникот Тодоровиќ, како и двајца службеници од Финансиската полиција се осомничени дека не постапиле според правилата и овие авансирани пари не ги наплатиле од Конструктор како побарувања на Конструктор.
Во сметководствената евиденција на општина Центар за првичната изградба на мостот Око според фактурите биле пресметани 82 милиони денари, а извршено е вкупно плаќање од 91 милион денари во кој е вклучен и авансот од 23 милиони денари.
Останати се 8 милиони денари како побарување од Конструктор за градежни работи кои не ги извршил градежните работи согласно договорот.
Рокот на банкарските гаранции истекол и истите не се наплатени со што е сторена штета на буџетот на општина Центар
Финансиската полиција предметот го предаде на Основното јавно обвинителство.
Вратените пари на буџетската сметка на Општина Центар не ја побиваат одговорноста за кривичното дело на Тодоровиќ и останатите двајца осомничени.
Мостот Око во употреба беше пуштен во јуни 2013 година, а го догради АД БЕТОН. Вкупната вредност се проценува на околу 6 милиони евра. Експерти изразија сомнежи за пропусти во неговата изградба и опасност по неговата статика.
Христијан Станоевиќ