
Заев и Ципрас ќе се сретнат во Лондон
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат во Лондон, на маргините од Самитот на Западен Балкан што ќе се оддржи во вторник (10 јули), дознава „Независен весник“.
Двајцата премиери ќе разговараат за развојот на настаните по потпишувањето на Преспанскиот договор и ќе ги координираат своите активности за успешно склучување на договорот.
Премиерот на Велика Британија, Тереза Мај, ќе биде домаќин на Самитот за Западен Балкан во Лондон, покажувајќи ја долгогодишната заложба на Велика Британија во регионот и европската безбедност. Премиерот ги покани шефовите на владите на шесте земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.