ЕЛЕМ и МЕПСО ќе го спасуваат Еурокомпозит- вработените продолжуваат со штрајкот

Државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО ќе треба да ја обезбедат потребната позајмица за спас на компанијата Еурокомпозит. Влдата на синоќешната седница донела опдлука ЕЛЕМ и МЕПСО да обезбедат по три милиони денари или вкупно 6 милиони денари од кои половината ќе бидат наменети за исплата на платите за вработените.

Околу 30% од средствата ќе бидат наменети за набавка на репроматеријали и на други потребни средства на компанијата. Остатокот од парите ќе се насочат за тековно одржување на Еурокомпозит. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, пак, добил задолжение, во согласност со позитивните законски прописи, во најскоро можно време да најде конечно решение за состојбата во „Еурокомпозит“.

Вработените од оваа фабрика немаат земено плата цели 18 месеци. Тие вчера со шатори одлучија да штрајкуваат во обид да да ја потсетат владата на ветувањата што им ги даде пред два месеца. Им беше ветувано дека  фабриката ќе се продаде , дека дел од вработените ќе бидат технолошки вишок, а за останатите  ќе има и рбаота и редовна плата. Во последниве два месеца вработените добиле едвај 10.000 денари, па за да го преживеат месецот работат како аргати и берат тутун.

Премиерот Заев  по почетокот на протестот информираше дека се преземаат активности и оти станува збор за „купување месеци“ додека не заврши комплетната процена за објавување продажба. Паралелно со тоа, како што рече, се планира и пакет за испраќање технолошки вишок за вработените кои сакаат да заминат. Инаку, фабриката во моментов не произведува,приходите паѓаат од година во година а долговите надминуваат 5 милиони евра.

Денеска за Телма вработените од Еурокопозит рекоа дека за нив е неприфатлив владиниот предлог. И дека и понатаму остануваат пред влдата со шаторите да штрајкуваат на смени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ