
Елитниот грчки хотел Мелитон иако признава вина, не сака да обештети македонски туристи
Македонските туристи во елитниот хотел Мелитон на Халкиди во Порто Карас, доживеале непријатно искуство и голема штета, кога скапата пратка која ја очекувале, и која била уредно доставена до хотелот, наместо да им биде предадена, била испорачана во погрешна соба.
Иако фирмата за достава на пратки ДХЛ, уредно ја доставиле пратката до хотелот, одговорните потоа направиле грешка, доставувајќи ја до погрешни луѓе, кои си заминале заедно со вредната пратка.
И покрај тоа што хотелот ја признава вината за грешката, сепак нема намера да ги обештети македонските туристи за изгубената пратка и нанесената материјална штета.
Нашите сограѓани останале стаписани и разочарани од непрофесиналниот третман на раководството на хотелот Мелитон во Порто Карас, кое нема намера да ја отстрани нанесената штета.