Каменос му постави ултиматум на Ципрас за договор за името

Гласови од 180 пратеници, референдум или одење на збори по прашањето за договорот со Македонија, е условот кој му го постави лидерот на Независни Грци Панос Каменос, на грчкиот премиер за да остане во владината коалиција. Каменос кој ја врши функцијата министер за одбрана денеска му го испорача условот на Ципрас порачувајќи му дека нема да дозволи договорот да продолжи без да биде потврден од грчките граѓани.

“Ако договорот биде ратификуван со 151 пратеник јас ќе се повлечам од владата, ќе го известам претседателот на државата дека ја повлекувам мојата поддршка за владата и земјата ќе оди на избори“, изјави Панос Каменос, министер за одбрана и лидер на Независни Грци.

Каменос потврди дека како министер за одбрана ќе оди на самитот на НАТО идната недела на која е најавено дека Македонија ќе добие покана за членство и покрај неговиот став како лидер на Неависни Грци дека договорот за името е лош, неприфатлив и не го прифаќа.

„Нема иднина за Скопје во НАТО без договорот да биде ратификуван, а јас ќе се потрудам договорот да не биде ратификуван“, изјави Панос Каменос, министер за одбрана и лидер на Независни Грци.

Од кабинетиот на Цаприс пак одговорија дека владата ќе се држи до она што го предвидува Договорот, а желба е да постои најголемо можно парламентарно мнозинство. Од таму наведуваат дека штом другата страна ги исполни обврските што произлегуваат од Договорот, владата ќе донесе одлуки што се однесуваат колективно на процесот на ратификација.

На Каменос експресно му одговори и шефот на грчката дипломатија, Коѕијас, велејќи дека договорот со Македонија не реферира на националниот суверенитет на Грција па за да треба да биде ратификуван со 181 пратеник. Тој во изјава за грчко радио рече дека договорот со Македонија е добар, подвлекувајќи дека анкетите покажуваат дека процентот на грчките граѓаи кои се против договор паднал од 80 на 55 проценти. Тој противниците на договорот ги обвини дека не сакаат мир и дека го следат национализмот на ВМРО.

По прес-конференцијата на Каменос на која тој му го врачи ултиматумот на Ципрас во замена за негова поддршка, се огласи и лидерот на опозицијата, Кирјакос Мицотакис кој му пораќа на Ципрас дека сега му преостанува на Ципрас да се го закаже датумот за избори.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ