„Да“ или „не“ и за договорот со Грција и за влезот во ЕУ и НАТО?

„Да“ или „не“ и за договорот со Грција и за влезот во ЕУ и НАТО? Премиерот најави сложено референдумско прашање на претстојниот референдум, на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат за повеќе аспекти од целиот процес.

Се уште не се знае од каков тип ќе биде референдумот, ниту, пак, кога ќе се одржи. Се чека да помине 12-ти јули, кога се очекува Македонија да добие покана за НАТО, а потоа ќе се решава за се` што е поврзано со него. Најави дека мислењето на граѓаните ќе се испитува преку анкети, а ќе има и средби со политичките фактори и граѓанскиот сектор, по што ќе се донесе одлука дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки. Но, повтори дека одлуката секако ќе биде обврзувачка за институциите.

Додека владата се подготвува за референдум, опозицијата повторно повика на протестен марш.

Протестот овојпат ќе се одржи  во родното место на премиерот, Струмица, во недела.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ