На средношколците им треба пракса, а не само теорија и факти

Во Швајцарија едвај 3 % од младите на возраст до 29 години немаат работа. Во Македонија дома седи секој втор млад човек односно 44 % од младите на возраст од 15 до 24 години се невработени. Причините за огромната разлика во невработеноста кај младите луѓе се лоцира во образовниот систем кој наместо квалификувани работници продолжува да продуцира кадри кои не му се потребни на стопанството. Најсериозни се забелешките во туризмот, металната и електро индустрија, градежништвото и аграрот

„Анкетите покажуваат дека фалат образовни профили и практично искуство во средното образование. Честите промени на пазарот на труд бараат потреба од надоградување на знаењата. Не може веќе теорија и факти, туку пракса за развивање на вештини, кажа Биљана Пеева Ѓуриќ Стопанска комора.

Преку проект за квалитетно стручно образование, Швајцарците ќе се обидат да ја сменат македонската длабоко вкоренета определба за гимназиите во однос на стручните училишта. Повторно како многумина  пред нив ќе ги презентираат предностите на праксата наместо теоријата. Проектот ќе се спроведува 10 години, а ќе се вложат 12, 5 милиони евра.

„Крајната цел е млади луѓе да добијат работно место како резултат на стекнати вештини. Само во првите четири години од проектот очекуваме да бидат вработени 2.250 млади, а следните години тој број да се зголеми“, кажа Сибил Сутер Техада амбасадор на Швајцарија.

„Обуката во некоја фирма, не гарантира и работно место во неа. Од перспектива на работодавач, сакам да имам млади луѓе во компанијата и да видам кој добро работи за понатаму да го задржам, но ако сум ученик ќе гледам дали работодавачот ми нуди обука и вештини, во спротивно ќе одам во конкурентнска фирма. Согласно швајцарските искуства очекувам работодавачите да им плаќаат симболична плата на младите за време на практичната работа, кажа Курт Вутрих НВО Хелветас

Првиот упис во средните училишта поикажа дека и оваа година најатрактивни за полуматурантите се гимназиите и средното медицинско училиште. Иако од вкупно 36 000 слободни места, 24 000 се во стручните училишта интересот за нив секоја година е се помал.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ