Бате Геле и Жабата наместо условна ќе одат во затвор

Ангеле Зафировски познат како Бате Геле ќе треба да помине една година во затвор за 27 април, откако скопска Апелација му ја преиначила условната пресуда и нему и на останатите 8-мина кои пред една година признаа вина и добија алтернативни казни за учество во толпа, потврдија од судот за Телма. Сега имаат ефективни затворски казни. Димче Христовски- Жабата добил година и половина затвор, Борис Мутков 8 месеци, а сите останaти Aпелација им пресудила 1 година затвор.

Апелационите судии оцениле дека Кривичниот суд бил многу благ кога определил условни казни за настан како 27 април, со големи последици и за луѓе кои сториле кривични дела во највисокиот законодавен дом.

Уште едно судење поврзано со 27-ми април е пред самиот крај. Во четврток ќе биде објавена пресудата за 7-мината обвинети за убиство во обид на пратеникот Зијадин Села.

Во завршниот збор денеска обвинителот Дарко Јакимовски ќе каже – убиство на пратеник во Собрнаието можеше да предизвика несогледливи последици по безбедноста на државата, рече Јакимовкси кој околу еден час ги анализираше доказите, снимките и сведоците и за секој обвинет потенцираше кога и како го удирал Села. Преку завршниот збор испрати порака дека неказнивоста придонела да има агресија и насилство во Собранието и побараа осудителна пресуда.

„Овој настан е наречен крвавиот четврток. Токму од казнивоста или неказнивоста зависи дали во иднина ќе може да се случи некој друг ден од неделата да остане во колективното секавање со ваков наслов“, кажа Дарко Јакимовски, обвинител во ОЈО Скопје.

Одбраната бара ослободителни пресуди и анализираа дека обвинителството не го докажало делото, ниту умислата, тврдеа дека немале физички контакт со Села и дека други го удирале пратеникот.

Адвокатот на Александар Јаневски Тошта ги негираше обвинувањата на обвинителството според кое Тошта помогнал во извлекувањето на Села од заштитената зона каде беа другите пратнеици

По снимката на која се гледа дека и многу други го удираат Села, кој лежи на подот во прес салата, Обивнителството истражува кои се и останатите напагачи.

Елена Иваноска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ