Бебе оставено пред Домот за доенчиња во Битола

Женско бебе на возраст од околу една недела е оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола.

Бебето е пронајдено вчера во 23:45 часот од страна на З.Б. (50) од Битола.

За случајот е известен Центарот за социјални работи во Битола по што социјален работник излегол на местото на настанот и извршен е разговор со З.Б.

Новороденчето е згрижено во Домот за доенчиња и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ