
Русија ја изненaди Шпанија, во пенал рулет oбезбеди четвртфинале
Домаќинот Русија приреди изненадување по елиминацијата на Шпанија од осминафиналето на Светското фудбалско првенство со триумф од 4:3 по подобро изведување пенали откако во регуларниот дел и во продолжетоците од два пати по 15 ет минути, средбата заврши без победник 1:1.
На „Лужники“ во Москва, пласманот во четвртфиналето „Зборнаја“ го обезбеди без промашување во пенал рулетот во кој погодија Федор Смолов, Сергеј Игнашевиќ, Александар Головин и Денис Черишев. За „црвената фурија“ не успеаа да реализирааат Коке и Аспас во втората односно петата серија, а погодија Андрес Иниеста, Жерар Пике и Серхио Рамос.
Претходно во регуларните 90 минути со ефектен автогол на Игнашевиќ по нафрлената топка од слободен удар на Марко Асенсио, Шпанија го отвори резултатот во 12 минута. На четири минути пред одморот Артем Дзуба се погрижи за израмнувањето откако со рака во шеснаесетникот играше Пике.