
Античкиот локалитет Хераклеја добива повисок режим на заштита
Античкиот локалитет Хераклеја Линкестис и неговото пошироко опкружување добиваат повисок режим на заштита. Ова е прв локалитет во државата кој е прогласен за култуно наследство од особено значење, со што обејктите и мозаиците кои досега се откриени ќе добијат заштита од прв степен за да се зачуваат во автентична форма, а соодветен режим ќе имаат и идните археолошки истражувања. Исто така ќе биде спречено и понатамошно деградирање на пошироката зона околу локалитетот, каде постојано никнуваат дивоградби.
„Најпрво локалитетот ќе биде заштитени и истражуван онака како што треба, со истражувања, конзервација, реконструкција, но од друга страна ќе биде заштитен од понатамошно деградирање. Додека другите локалитети имаат мака со дивите копачи, ние во Хераклеја имаме мака со дивите градби. Со оваа ревалоризација сето тоа ќе се санира и нема да може лесно да се прават некои работи“, вели Аница Георгиевска, археолог во Завод и Музеј Битола.
Во контактните зони веќе не смее да се градат објекти, индустриски капацитети, инсталации, антенски столбови, а овој висок режим на заштита на Хераклеаја ќе мора да го почитуваат и жителите кои живеат во непосредна близина на локалитетот.
„Има одредени услови кои што ќе им бидат дадени на луѓето што живеат во околината, ќе се забрани копање во длабочина над 40 цм, нема да се дозволува да се прават доградби и градби на ново“, вели Георгиевска.
Битолски археолози очекуваат со новиот статус, државата да одвојува и повеќе средства за локалитетот кој има универзално значење.
„Знаеме дека заштитата на културното наследство не е ни едноставна, ни евтина работа. Секогаш се потребни пари. Мислам дека со овј закон во иднина локлаитеот во иднина ќе има поголеми финансики побарувања за да се задржи состојбата во која што е. Ако не се вложуваат одредени финансиски средства локалитетот може да изгуби на вредност“, вели Енгин Насух, срхеолог во Завод и музеј Битола.
Хераклеја Линкестис е градска населба основана во IV век п.н.е. Се наоѓа на јужната периферија на Битола, во подножјето на планината Баба. Досега се истражени само 10 до 15 проценти од античкиот локалитет, кој е прогласен за споменик на културата во 1950 година, а сега добива повисок степен на заштита.
Емилија Мисирлиевска