
Ботас на пол-позиција за ГН на Австрија
Возачот на „Мерцедес“, Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на деветата трка сезонава во Формула 1 шамшионатот што ќе се вози за Големата награда на Австрија.
Финецот на денешните квалификации извози најбрз круг со време 1:03.130 минута. Неговиот тимски колега Британецот Луис Хамилтон ќе му прави друштво во првиот ред од втората позиција.
По тандемот на „Мерцедес“ ќе стартува двоецот на „Ферари“, Германецот Себастијан Фетел и Финецвот Кими Раиконен.
Австриското Гран при на „Ред Бул Ринг“ во Спилберг ќе почне утре во 15 часот и 10 минути.