
Наместо земјоделците, родот од земјоделските култури повторно ќе го соберат временските прилики
Наместо современи методи и осигурување на земјоделските имоти, македонските земјоделци битката со климатските промени ја водат со поглед во небото и молитви. Така е и деновиве во Пелагонија каде во јуни наврнаа 126 литри дожд на метар квадратен. Тоа предизвика страв кај производителите дека и оваа година ќе им се намалат приходите, затоа што не можат да влезат во нивите кои се полни со вода, жетвата на јачменот е прекината и не се знае кога ќе продолжи. Неизвесно е и кога ќе почне жетвата на пченицата во најголемата житница во Македонија.
„Јачменот требаше да се жнее од 10 јуни. Пробавме со комбајно, ама зелено беше и го оставвме. Потоа две недели врнеше, не е добро за жетвата, а требаше повеќе од половина да е ожнеано“, рече еден земјодлец.
Стручњаците велат дека неповолните временски услови и големите врнежи од дожд ќе предизвикаат одредени оштетувања кај сите видови земјодлески култури.
„Жетвата на пченицата чии оптимални рокови се на почетокот до средината на месец јули, се уште не е почната но и не може да се предвиди почетокот со оглед на ваквите временски прилики. Мехнаизацијата не може да влезе во нивите, но и растението треба да биде исушено за да има кавлитетна жетва. Забележано е и повтроно изртување и потемнување на зрното, што ќе влија е на квалитетот и нормално на цената на овој земјоделески производ“, изјави Зоран Бардаковски, од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието.
И покрај тоа што временски непогоди во изминатие години предизвикаа огромни штети во земјоделството, земјоделците ретко ги осигуруваат посевите, иако државата субвенционира 60 проценти од премијата за осигурување. Во 2017 години осигурителните компании продале 2.000 полиси, што е пад за повеќе од 50 проценти во споредба со 2015 година кога имало 5.000 земјоделски полиси.
Покрај подигање на свеста за потребите и придобивките од осигурувањето, стручњаците велат дека во битката со климатските промени потребна е поголема акција за адаптирање, промена на начинот на производство и нови сорти и култури.
Емилија Мисирлиевска